Законот за забрана на увоз на отпад денеска на дневен ред, се носи по скратена постапка
На денешниот дневен ред на Собранието како 19 точка на пленарна седница се најде предлог на закон за изменување на Законот за управување со отпад по скратена постапка.
Подносителите на овие измени се пратеничките на ДОМ Маја Морачанин и Лилјана Поповска, кои бараат забрана за увоз на отпад како извор на енергија и отпад кој согорува.
Еколошките организации ги повикаа партиите да се покажат на дело и да се види кој за што се залага.
„Господине Талат Џафери се надеваме дека точката на дневен ред под број 19 нема да биде оставена за крај, заедно со информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија“, се вели во објавата на О2 иницијативата упатена до претседателот на законодавниот дом.
Ваквата иницијатива доаѓа истовремено со отворањето на истрага на бугарското обвинителство за увезен отпад од Италија.
Слично
