Законот за попис стана приоритетен, доби европско знаменце
На Предлог-законот
за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна
Македонија, 2020 година, е ставено
европско знаменце и веќе денеска е на дневен ред на собраниската
Комисијата за европски прашања.
Овој Закон остана заглавен во Собранието, заради што и не е донесен досега, па европското знаменце ќе значи дека приоритетно ќе се разгледува. Најголемата статистичка операција во земјава треба да се организира и да се спроведе во април 2021 година, претходно неколкупати беше одложувана.
Денеска за ова ќе информира и портпаролот на владејачката СДСМ, Коста Костадинов, кој од партиското седиште точно напладне ќе даде изјава.
Слично
