ЗАКОНОТ ЗА ЈО ВИСИ: ВМРО ДПМНЕ бара рапуштање на Парламентот
Додека законот за јавно обвинителство уште ги бранува партиските неистомисленици, опозицијата бара од собранискиот спикер да го распушти Собранието.
ВМРО ДПМНЕ го праќа ова барање до Џафери повикувајќи се на договореното меѓу партиите со цел, како што посочуваат да се испочитуваат поставените рокови.
Од најголемата опозициска партија велат дека СДСМ поставува некакви услови кои немаат врска со изборите.
Од друга страна пак владеачката партија инсистира на донесување на законот за јавно обвинителство. Токму овој закон наиде на сопнувања и никако партиите да ги усогласат ставовите околу истиот.
Расправата за законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители почна вчера .
Слично
