Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за јазици втор ден жешка тема во Собрание

Законот за јазици втор ден жешка тема во Собрание

Втор ден во Собраниеето се расправа за Законот за јазици. 

Според пратениците од мнозинството, законот е дел од патот на евроатлантските интеграции на Македонија и на никаков начин не го нарушува ниту Уставот, ниту унитарниот карактер на Македонија. За нивните колеги од опозицијата, законот е противуставен за што говори и фактот дека се носи со европско знаменце. 

„Никој и со ништо нема да ја ограничи употребата на македонскиот јазик со предложениот Закон за употреба на јазиците, ниту тоа ќе се случи со било кој друг јазик што е во употреба во Република Македонија“- рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов. 

Шилегов вели дека е крајно неодговорно да се тврди дека во Берово, во Виница, во Делчево ќе дојде до ограничена употреба на македонскиот јазик. 

Тој додава дека предложениот закон ќе донесе хомогенизација, мир, стабилност во меѓуетничките односи.

Никој не треба да се плаши од Законот за употреба на јазиците, станува збор за универзално право и не треба да се сее страв дека државата ќе се распадне ако се усвои овој закон, повика Весел Мемеди, заменик претседател на собраниската Комисија за европски прашања. 

Слично

Поврзани вести