Законот за јазици ќе оди на Венецијанска комисија - забелешките ќе бидат вградени
Законот за употреба на јазиците ќе оди на мислење во Венецијанската комисија откако повторно ќе биде изгласан во Собранието.
Пoтоа добиените забелешки ќе бидат вградени во законот.
„Законот по усвојување во Собранието ќе оди на мислење на Венецијанска комисија, а кога ќе се врати во Република Македонија постои политички консензус и волја дека сите забелешки и сите мислења на комисијата ќе бидат имплементирани во него“ – вели Бошњаковски. Тој повтори дека не се предвидени дополнитени вработувања за овој закон туку оти ќе се користат постојните вработени во администрацијата.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција, ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието за да учествуваат во амандманската расправа на третото читање на законот која е закажана за понеделник.
