Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за јазици излезе во последниот број на Службен весник

Законот за јазици излезе во последниот број на Службен весник

Во денешното издание на Службен весник е објавен Законот за употреба за јазиците, кој е донесен во Собранието пред една година но не можеше да стапи во сила без да биде излезе службено во јавност.

Истиот е без потпис на указ од страна на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, односно заверен само од страна на собранискиот спикер Талат Џафери. Во последниот број на Службен весник е објавена и ратификуваната Спогодба од Преспа, исто така без потпис од Иванов.

Актите се објавени, веднаш откако еден ден претходно беа излезени службено и уставните измени, инаку изгласани со двотретинско мнозинство во Собранието во петокот.

Засега единствена реакција има од ВМРО-ДПМНЕ која му се закани на директорот на СВ дека се соочува со пријава за кривично дело, бидејќи објавува акти за кои е потребен и потпис од шеф на државата.


Слично

Поврзани вести