Законот за јазици чека „амин“ од пратениците
Законот за јазици за кој се кошкаат власта и опозицијата влезе во Собраниска процедура.
Денеска Собранието треба да се изјасни по предлог законот кој за опозицијата е неуставен, а за владеачкото мнозинство тој носи соживот.
Напладне на 15-тата седница пратениците ќе гласаат за законот за јазици, кој доколку го помине првиот собраниски филтер, односно добие поддршка од мнозинство пратеници на пленарна седница ќе биде испратен на второ читање во матични комисии.
Таму ќе може да се поднесат амандмани кои се најавени и од парламентарното мнозинство и од опозицијата.
Слично
