Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за Јавно обвинителство го помина владиниот филтер, на ред е Собранието

Законот за Јавно обвинителство го помина владиниот филтер, на ред е Собранието

Текстот за предлог законот за јавно обвинителство доцна синоќа е аминуван на владината седница.

Како што пренесе ТВ24, законот оди во Собрание.

Така најавуваше и лидерот на СДСМ Зоран Заев кој кажа дека законот ќе се прати во законодавниот дом со со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.

Преку социјалните мрежи, Заев соопшти дека овој закон ќе биде од големо значење кон нашата европска интеграција и аргумент плус за Европската Унија да донесе позитивни одлуки поврзани со почетокот на преговорите, додавајќи дека Законот ги овозможува неопходните услови за владеење на правото во нашата земја и за конечна и темелна изградба на правната држава.

Предлог законот не беше прифатлив за најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, а Заев во Собрание се надева на гласовите на БЕСА и Алијанса на Албанците, и независните пратеници.

Слично

Поврзани вести