Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за државјанство задутре во Собранието, ако помине ќе биде оспорен пред Уставен суд

Законот за државјанство задутре во Собранието, ако помине ќе биде оспорен пред Уставен суд

Законот за државјанство со европско знаменце треба в четврток да се најде пред пратениците во Собранието. 

Од Левица велат предлогот законот е штетен за македонските интереси и ќе предизвика сериозни промени во етничката структура на Македонија. Од партијата велат дека најспорно е намалувањето на години потребни за добивање државјанство од осум на седум години и бришењето на задолжителната заклетва за лојалност.

Пратеникот Борис Крмов најавува дека Левица ќе предизвика целосно запирање на работата на Собранието и на сите закони кои што се во процедура или пак ќе бидат испратени. Ако овој закон помине во Собранието, тие ќе го оспорат и пред Уставниот суд.

Премиерот Зоран Заев вели дека со овој закон ќе се решат проблемите на луѓето кои со децении живеат во земјава без државјанство.

Слично

Поврзани вести