Законот за државјанство продолжува на Комисијата за одбрана и безбедност
Во Законодавниот дом денеска ќе продолжи амандманската расправа на Законот за државјанство. Тој е подобрен со десетина амандмани.
Денес треба да продолжи седницата на која треба да се одржи амандманската расправа за измените и дополнувањата на Законот за државјанството, по скратена постапка, поднесен од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива.
Зиадин Села, Скендер Реџепи, Сурија Рашиди, Сафије Садики Шаини се само дел од пратениците подносители на предлог законот.
По неколку месечни договори меѓу СДСМ и Алијанса на Албанците и Алтернатива произлегоа 10 амандмани за законот. Се отфрла првичниот предлог државјанство да се добива по пат на сведоци.
Слично
