Законот за државјанство ќе се носи по скратена постапка
Алсат дознава дека предлогот на Законот за државјанство, поднесен пред неколку дена до Владата од страна на албанската опозициска коалиција Алијанска и Алтернатива, како и СДСМ, е вклучен во агендата на седницата на Владата и треба да носи по брза постапка, односно со европско знаменце.
Неофицијално на седницата на Владата се очекува нацртот да го добие европското знаме и потоа да биде доставен на разгледување до Собранието.
Оваа акција на Владата доаѓа по блокадите со амандмани што македонската опозиција ги предлага на Законот за државјанство, кој досега беше во Комисијата за одбрана и безбедност.
Слично
