Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за антидискриминација мора да биде итен приоритет на идното Собрание

Законот за антидискриминација мора да биде итен приоритет на идното Собрание

По вчерашната остра реакција на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија за укинување на Закионот за антидискриминација од страна на Уставниот суд, синоќа Министерството за труд и социјална политика излезе со свое соопштение во кое наведува дека итен приоритет на новиот собраниски устав ќе биде повторно донесување на законот

-Заложбата на Министерството за труд и социјална политика беше не само да се изготви закон усогласен со ЕУ директивите и меѓународните стандарди туку навистина да овозможува еднакви права за сите и ефикасна заштита од дискриминација. Со овој закон се овозможува еднаква заштита и достоинствен живот за сите граѓани и граѓанки на Република Северна Македонија. Законот, со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, ја прошири заштитата од дискриминација кон сите граѓани. Законското решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Она што останува како итен приоритет и прва задача за следниот собраниски состав е да го усвои законот и да го спроведе изборот на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација на транспарентен начин и водејќи сметка за квалитетот на избраните кандидати кои мора да бидат професионални, независни и навистина да делуваат како бранители на еднаквоста на сите граѓани, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјлна политика.

По укинувањето на законот, ЛГБТИ заедницата вчера остро реагираше, посочувајќи ја вината и одговорноста за таквата одлука на Уставниот суд во самиот државен врв.

-Вината е и во пратениците, особено владејачкото мнозинство, кое предизборната кампања ја засноваше на градењето едно општество за сите и ни ветуваше унапредување на правата на ЛГБТИ-луѓето. Одговорност имаат и Талат Џафери, претседателот на Собранието, и Стево Пендаровски, претседателот на државата, кои морало да знаат дека законот е донесен спротивно на Уставот, истакна Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.


Слично

Поврзани вести