Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот сепак влегува во собраниска процедура, се укинува апанажата за пратениците

Законот сепак влегува во собраниска процедура, се укинува апанажата за пратениците

Законот кој треба да обезбеди бенефиции за пратениците по завршувањето на нивниот мандат сепак влегува во собраниска процедура на мала врата, објави Алсат ТВ, иако засега од владеачкото мнозинство и од опозицијата велат дека не го поддржуваат, а од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека не се предлагачи.

Идејата за регулирање на статусот на пратениците била само во рамките на дебатата, но Алсат ТВ дознава дека предлогот влегува во Собранието, а истиот предвидува укинување на апанажата за пратениците и наместо тоа нивното вработување во јавната администрација врз основа на професионален профил. 

Една од причините била таа што опозицијата во пракса е дискриминирана во поглед на вработувања во јавниот сектор во однос на власта.

Според сегашниот закон, пратениците по мандатот имаат право на една година на апанажа пропорционално на платата што ја добивале за мандат од 4 години. Ова важи само за оние кои нема да се вратат на старите работни места или остануваат невработени.

Слично

Поврзани вести