Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законите за минимална плата, стечајците и радиодифузна такса жешка тема во Собрание

Законите за минимална плата, стечајците и радиодифузна такса жешка тема во Собрание

Пратениците на денешната седница треба да гласаат за петочното одложување на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина а потоа на дневен ред се законите за минимална плата, стечајците и радиодифузна такса.

Овие точки кои се меѓу првите на собраниската седница не дојдоа на ред бидејќи пратениците од опозицијата ја поминаа петочната собраниска седница со реплики и контрареплики, паузи и продолженија по измените на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина.

Со Законот за минимална плата вработените во сите стопански гранки ќе имаат повисока минимална плата во висина од 12.000 денари, со законот за стечајци, материјално ќе се обезбедат над 3.500 лица на кои им престанал работниот однос поради стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1995 до 30 јуни 2017 година и со измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пак, ќе се укине радиодифузната такса за сите граѓани .

Слично

Поврзани вести