Законите со новото име на државата Иванов не ги потпишал
Шефот на државата, Ѓорге Иванов одбил да потпише неколку закони коишто беа изгласани во Собранието, со називот Република Севрена Македонија.
Иванов, не ги потпиша Указите за прогласување на 6 закони донесени на 28.02.2019 година.
Тој не ги потпиша и Указите за прогласување на 5 закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 година.
Денеска истекува и рокот во кој претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, треба да ги потпише Указите за прогласување на 3 закони кои се донесени со дво-третинско мнозинство: Закон за изменување и дополнување на Закон за судовите, закон за прекршоците и закон за управните спорови.
За овие закони според Уставот, член 75 став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови.
Од Службен весник претходно информираа дека во иднина нема да објавуваат ништо што ќе стигне од кабинетот Иванов додека не го смени називот во Република Северна Македонија.