Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ: БЕСА тврди дека не сака да е дел од театарот на ДУИ

ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ: БЕСА тврди дека не сака да е дел од театарот на ДУИ

Пратениците на БEСА одлучија денеска да не учествуваат на последниот ден од расправата за Законот за употреба на јазиците на комисијата за Европски прашања. 

Ова следи откако вчера се скараа со претседателот на комисијата Артан Груби. Пред почетокот на комисијата пратеникот од БЕСА Фадил Зендели порача дека нема да бидат дел од како што велат театарот кој го прави ДУИ за намерно да се опструираат нивните амандмани.

Груби на прес-конференција во Собранието рече дека е разочаран од ваквиот пристап на БЕСА. Тој потенцираше дела целта на ДУИ е овој закон да биде усвоен што е можно поскоро на пленарна седница непроменет.

Комисијата за европски прашања веќе подолго време ја бојкотира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Предлог законот за јазиците се очекува вечерва на полноќ да помине на Комисијата. Потоа законот на второ читање ќе оди повторно во пленарна седница и пратениците ќе дадат завршен збор за текстот на законот.

Слично

Поврзани вести