Заклучен избирачкиот список, познато колку граѓани ќе гласаат на претседателските избори
На претседателските избори во април, право на глас ќе имаат 1.808.131 гласач. На 21 април ќе биде одржан првиот круг на гласање, а истовремено граѓаните на Охрид, Дебар и Ново Село ќе избираат градоначалник.
1.726.696 граѓани ќе гласаат на денот на изборите, а останатите се наоѓаат на посебен избирачки список и ќе гласаат ден претходно.
Јавниот увид во избирачкиот список заврши и до ДИК се поднесени 50 барања за корекција во списокот. Поради различни основи како не поседување на важечки личен документ, промена на податоци, одземена деловна способност, нема да бидат впишани во списокот, освен 3 лица за кои е констатирано дека се дел од избирачкиот список.
Увидот во Избирачкиот список траеше од 23 февруари до 14 март 2019 година.
Во тој период увид извршиле 53.972 избирачи.
