ЗАКАЖАНО ЗА 30 ЈУНИ: Ќе има непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ
На 30 јуни ќе има непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето од функцијата на лидерот Димитар Ковачевски.
Во согласност со роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација.
Слично
