Економија, финансии, бизнис

Контакт

Закажана лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Закажана лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Владата денеска преку соопштение објави дека премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе одржат кудерска средба во среда во Клубот на пратениците во 11 часот.

„На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“, пишува во информацијата на Владата.
Мицкоски претходно на телевизиски настап рече дека бара да се сретнат единствено тој и Ковачевски без присуство на тимови и дека неговото присуство на лидерската средба ќе биде со цел да побара предвремени парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести