Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКАНУВАЧОТ ИМА НЕКАКОВ ПРОБЛЕМ СО ЈСП: Приведениот и претходно тепал службеник кој сакал да го казни

ЗАКАНУВАЧОТ ИМА НЕКАКОВ ПРОБЛЕМ СО ЈСП: Приведениот и претходно тепал службеник кој сакал да го казни

За инцидентот се дозна вчера, но случката со навреди и закани во автобус на ЈСП била пред два месеци. Тоа ја отежнува и истрагата особено па што не се знае во кој автобус се случило, оти нема пријава ниту од возачот. Полицијата вчера вечерта упаси еден од учесниците, но по другиот уште се трага. 

За веќе приведениот, јавува Сител, било утврдено дека има историја со повеќе кривични дела, а пред година и половина претепал и службеник на ЈСП во Транспортниот центар, откако претходно бил казнет за непоседување на билет.

На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи се гледа дека двајцата насилници се закануваат, откако другите патници од нив побарале да ги стават маските правилно и преку носот и устата. 

По тоа двете лица изјавуваа дека ќе сечат глави, а за една од жените велеа дека ќе ја топат во киселина. 

„Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима”, се вели во статусот објавен на Твитер.

Насилниците велат дека тие се верници, а другите се неверници. Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи попладнево, со осуда кон агресивните патници.


Слично

Поврзани вести