Закани со „Молотов коктел“ до советничка од Гази Баба
Советничка од Гази Баба добила закани дека ќе и фрлат „Молотов коктел“ доколку не гласа како што ќе и наредат.
Како што информира Министерството за внатрепни работги, вчера во 17 часот во Скопје И.Т. (44) пријавила дека во нејзината продавница во населбата Ќерамидница дошле две непознати лица на возраст од околу 50 години со патничко моторно возило „Мерцедес“.
„Според пријавеното, едно од лицата ја побарало З.Т. (26), ќерка на И.Т., за, како што рекло, според пријавеното, да се договори со неа за гласање во Советот во општина Гази Баба, а за тоа понудил помош околу семејниот бизнис и поубаво работно место за З.Т. Во спротивно, според пријавеното, лицето се заканило дека ќе фрлело молотов коктел во продавницата. На лице место се упатени полициски службеници од ПС-Гази Баба и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението на МВР.
