Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКАНИ ДО КОСОВСКАТА АМБАСАДА: Maж тврдел дека ако не го примат на средба, ќе ги нападне

ЗАКАНИ ДО КОСОВСКАТА АМБАСАДА: Maж тврдел дека ако не го примат на средба, ќе ги нападне

Граѓанин се јавил во амбасадата на Косово и им се заканил дека ако не биде примен на средба, ќе ги нападне.

На 6 ноември, осомничениот упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на повеќе службени лица, вработени во Амбасадата на Република Косово во Скопје, предизвикувајќи чувство на несигурност, загрозеност и страв. Тој се јавил од мобилен телефон на службениот телефон во дипломатското претставништво и се заканил дека ако не биде примен на итна средба, ќе ја нападне Амбасадата и вработените.

„Со цел неперечено водење на постапката и обезбедување на присуството на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа, забрана за посетување на Амбасадата на Република Косово, како забрана за приближување и воспоставување контакт со амбасадорот и со други службени лица вработени во Амбасадата“, велат од Обвинителството. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста. 

Лани полицијата уапси охриѓанец кој се заканувал на странски амбасадор. 

Пред седум години скопјанец на Фејсбук се закануваше на тогашниот американски амбасадор Џес Бејли. И претходно имало слични случаеви. 

Слично

Поврзани вести