Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заканата од терористички напади во Македонија е „просечно висока“, тврди Стејт департментот

Заканата од терористички напади во Македонија е „просечно висока“, тврди Стејт департментот

Во нашата земја сепак постои опадност од терористички напади. 

Стејт департментoт објави дека заканата од терористички напади во Македонија е „просечно висока“. Како што објави Националната комисија за борба со насилниот екстремизам и тероризмот, околу 143 граѓани на Македонија (исклучувајќи деца) во изминативе неколку години патувале за Сирија, Ирак или во двете држави да се вклучат во терористички групи. Од нив, 133 лица се мажи, десет се жени, 38 се убиени, 79 се вратени, петмина се верува дека останале во Сирија и двајца се во затвор во бегалски камп. Додека, 16 луѓе, 11 мажи и пет жени, се репатрирани, а тројца се депортирани од други држави. 

Се наведува дека членовите на ИД и симпатизери се присутни во земјата.  Во јули 2021 година владата репатрирала четири странски терористистички борци и 19 членови на семејствата. 

Претходните години имаше многу терористички напади во Европа. За нив одговорност презеде Исламска држава. 

Слично

Поврзани вести