Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКАНА: „Окото на народот“ на мета има и македонски политичари

ЗАКАНА: „Окото на народот“ на мета има и македонски политичари

Медиумите во Приштина објавија листа со 30 имиња на лица од Косово, Македонија и градовите Бујановац и Прешево во Јужна Србија, за кои се вели дека организација „Окото на народот“ планира да ги убие, пренесе Танјуг.

Од Македонија, на листата се имињата  на Али Ахмети, Муса Џафери, Мендух Тачи, Талат Џафери и други. 

„Окото на народот“ е организацијата, која ја презеде одговорноста за обидот за убиство на познатиот адвокат и политичар Азем Власи на 13 март.

Покрај политички лидери, кои според организацијата ги „предале интересите на Косово“, на листата има и публицисти, опозициски претставници и новинари.

Листата беше објавен денес во приштинскиот весник „Бота сот“, а претходно таа се појави и на сајтот „Газета Фјала“.

Слично

Поврзани вести