Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зајкова: Жичницата на Водно со месеци работела без дозвола - колку скопјани и туристи биле изложени на ризик?

Зајкова: Жичницата на Водно со месеци работела без дозвола - колку скопјани и туристи биле изложени на ризик?

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова вели дека жичницата на Водно со месеци работела без дозвола и претставувала опасност за патниците.

Во објава на социјалните мрежи таа посочува дека Синдикатот на ЈСП веќе алармирал за пропустот, но институциите не реагирале навреме. 

„Колку скопјани, возрасни и деца, колку туристи биле изложени на ризик по својот живот во овие месеци? Јас лично го носев мојот петгодишен внук до врвот на Водно со истата жичарница… морници ме лазат од помислата што сѐ можело да се случи“, пишува Зајкова.

Таа потсетува дека секоја жичарница мора задолжително да минува годишен технички преглед и вонредни инспекции пред почеток на сезоната, кои треба да ги спроведуваат независни тела, а извештаите да бидат јавно достапни.

Како пример за меѓународна пракса, Зајкова наведува дека во земји како Австрија, Швајцарија и Германија се користат современи сензори за вибрации и странични движења, кои автоматски го стопираат системот при ризик и спречуваат можни катастрофи.


Таа бара воведување на исти стандарди и во Македонија, како и кривична одговорност за раководството во случаи на исклучени безбедносни уреди, игнорирање на техничките несигурности или работа без дозвола.

Слично

Поврзани вести