Зајкова: Ристо Пенов го предлагаме затоа што имаше добри проекти
Пратеничката на ЛДП, Моника Зајковам во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека партијата е обединета околу концептот поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа,иако долги години не е активен во политиката.
„Сметавме дека како човек кој што има навистина успешни проекти додека го водеше градот, дека може да го преземе кормилото на Министерството за локална самоуправа, но и тоа и дава една нова димензија на партијата во делот на тоа што ние го викаме обединување, да малку ги сплотиме луѓето на едно место и да настапиме со поинаков концепт“, вели Зајкова.
Таа додава дека Пенов, кој ќе го превземе ресорот од Благоја Милевски, никогаш не се оддалечил од ЛДП и дека секогаш бил со нив.
