Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЈКОВА: Не треба да чекаме 27 години како со Грција и секоја година да ни доаѓаат полоши услови

ЗАЈКОВА: Не треба да чекаме 27 години како со Грција и секоја година да ни доаѓаат полоши услови

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова вели дека не треба да чекаме 27 години како со Грција и секоја година да ни доаѓаат полоши услови. 

Зајкова во „Дејли Клик“ на ТВ21 ги коментираше најавите на ВМРО-ДПМНЕ за репреговарање на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Бугарија и вака смета дека отстапила многу, и сега гледаме дека прашањето се сведе само на малцинско прашање. Не знам како ќе се одвива тој процес на репреговарање, не треба да чекаме како со Грција 27 години, и секоја година да ни доаѓаат полоши услови. Очекувам Владата да има јасен план на ова поле, а уште еднаш ќе укажам дека ЛДП стои на располагање да даде свој придонес. Репреговарање не верувам дека ќе има, но да најдеме заеднички јазик како ќе ги премостиме работите“, изјави Зајкова.

Инаку, Софија веќе кажа дека нема да има репреговарање. Американската амбасадорка Анџела Агелер исто така рече дека нема да има повторно преговарање за Договорот од Преспа и за Договорот со Бугарија. 

Слично

Поврзани вести