Зајкова: Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси
Зошто е проблем и мажите да засукаат ракави и да месат леб, прашува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.
Таа во гостување на Тв 24 рече дека во едно модерно општество се недозволиви наслови во медиумите како „Жените треба да ги засукаат ракави.
„Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси леб, особено не во ваква глобална транзиција, каде што жената и економски придонесува колку и мажот, можеби и повеќе во некои семејства, каде што и таа паралелно одговара на сите современи општествени текови“, рече Зајкова.
Откако Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари, пекарите запреа со производство на бел леб, но се очекува нормализација, затоа што со нова одлука е наложено да мораат да го произведуваат.
фото Фејсбук
