Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ОГРОМНА КАЈ СТРУМИЧКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ: Вакцинираме околу 800 луѓе дневно, д-р Митева за Фактор

ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ОГРОМНА КАЈ СТРУМИЧКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ: Вакцинираме околу 800 луѓе дневно, д-р Митева за Фактор

Во последните неколку недели единствено Струмица од источниот регион бележи висок број на новозаразени со корона вирусот. Епидемиолозите сметаат дека четвртиот бран во овој град нагло почна и очекуваат во наредниот период бројот на нови случаи да се зголемува. Од Центарот за Јавно здравје на Струмица посочуваат дека сосема исто, како и во претходните бранови на Ковид-19, граѓаните едноставно не ги почитуваат мерките. Ова посебно, како што велат оттаму, се однесува на младите кои се премногу опуштени.

Истовремено, овој град, според процентот на опфатот на вакцинација против корона вирусот е речиси на дното на табелата која пред извесен период ја објави Министерството за здравство, а беше  посочено и дека во оние региони каде што има мал број вакцинирани, секојдневно се зголемува бројот на новозаразени со вирусот.

Сепак, од Здравствен дом-Струмица, пак, во изјава за Фактор, потенцираат дека голем број граѓани, пред да се отвори вакциналниот пункт во овој град, се  вакцинирале во Кавадарци и во Штип, додека сиот медицински кадар се вакцинирал во Скопје. Директорката на Здравствен дом-Струмица, д-р Љубица Митева, вели дека константен е бројот, околу 800 граѓани дневно се вкцинираат во пункотот, а се аплицираат и по околу 300 вакцини при теренската вакцинација по селата.

-Интересот за вакцинација против корона вирусот е навистина голем. И кога имаше закажување преку мој термин, но и сега кога нема потреба од закажување аплицираме од 700-до 800 вакцини дневно. Во овој период огромна е заинетресираноста кај средношколците. Нив ги имунизираме со вакцината на Фајзер/БиоНТек. И теренската вакцинација теќе без проблем. Секојдневно, наши екипи одат по селата каде се аплицираат по околу 300 вакцини, вели д-р Љубица Митева.

Инаку, по укажувањата на лекарите дека посебно младите невакцинирани лица ќе бидат жртви на делта варијантата, а особено и по смртта на младото 21-годишно момче, кое без ниту еден коморбидитет почина вчера во Тетово, Министерството за здравство упати апел за што помасовна вакцинација кај младите.

Анита Буховски


Слично

Поврзани вести