Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захир Бекири - Чауш со Џафери, Мукоски и Анѓушев во Ватикан

Захир Бекири - Чауш со Џафери, Мукоски и Анѓушев во Ватикан

Захир Бекири - Чауш, осуденикот од „Фабрика за Агери“, се наоѓа во неформална посета на Ватикан, каде што утре треба да има официјално чествување на празникот „Св. Кирил и Методиј“ од страна на македонска и бугарска делегација.

За разлика од полититчките, религиските и претставниците од културата, Чауш е заедно со неговата ќерка која ја претставува Македонија на меќународен уметнички натпревар по ликовно творештво, како што напиша тој на својот профил на „Фејсбук“.

Инаку, за скандалот „Фабрика за Афери“, Захир Бекири – Чауш, беше осуден на две ипол години затвор. Во 2015 во неговиот дом полицијата пронајде опрема за производство на фалсификувани лични карти и пасоши, за кои се тврдеше дека тогашната власт ги подготвувала за изборни манипулации. Во исто време, кај него беа пронајдени и 70.000 прислушувани разговори од бомбите на премиерот Зоран Заев. Додека беше опозиционер се прикажуваше како жртва на режимот, но во последно време излезе и фотографија на која пие кафе заедно со партиски функционер на актуелната опозиција.

Инаку претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 24 мај ќе ја предводи државната делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“, во Светата столица во Рим.

Џафери ќе биде придружуван од пратениците Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Ирена Стефоска, Крсто Мукоски, генералниот секретар Цветанка Иванова, вицепремиерот Кочо Анѓушев, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, државниот секретар во МНР  Виктор Димовски и директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Даријан Сотировски.

Со нововостановената традиција и според утврдената програма, утре во Рим, делегациите на Република Македонија и на Република Бугарија ќе положат цвеќе пред плочата на Република Северна Македонија во чест на Св. Кирил во Базиликата Санта Марија Маџоре, а потоа ќе учествуваат на миса во црквата „Св. Павел ала Регола“.

Македонска и бугарска делегација со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители и ќе чествуваат за браќата Св. Кирил и Методиј.


Слично

Поврзани вести