ЗАХАРОВА ЗА ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Aпсурдни се шпекулациите за присуство на руско влијание
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова вели дека обвинувањата дека Русија се мешала во парламентарните избори во Северна Македонија се апсурдни.
Изјави дека тешко било да не се забележат широко распространетите видео пораки на високи западни политичари, вклучително и на шефови на влади и на министри, за време на предизборната кампања во нашата земја.
Таа ги обвини западните земји за двојни стандарди, бидејќи тврдат дека Русија се меша, а нивните лидери отворено се обиделе да влијаат на изборите во земјава.
„Тие отворено и упорно ги повикуваа гласачите во Северна Македонија да гласаат за една или за друга партија. Наспроти позадината на ова странско мешање во работите на една суверена држава, апсолутно се неосновани и изгледаат сосема апсурдни шпекулациите за присуство на одредено руско влијание“, изјави Захарова.
Рече дека се создаваат сомнежи и обвинувањата на сметка на Русија, а во исто време „директниот западен притисок врз граѓаните на Северна Македонија се претставува како нешто легитимно“.
