Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева во изолација, позитивен заменикот кој со неа се сретна со Османи и Димитров

Захариева во изолација, позитивен заменикот кој со неа се сретна со Османи и Димитров

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева е во самоизолација откако нејзиниот заменик  Петко Дојков бил потврден за позитивен на брз тест за Ковид-19. Резултатите од неговиот тест за ПЦР се очекуваат, соопшти Министерството за надворешни работи.

Оттаму додадоа дека Захариева нема симптоми и е во добра општа состојба и ќе продолжи да ги извршува своите службени должности. Резултатот од првиот брз тест на Захариева бил негативен. Иако резултатот од брзото тестирање не е причина за карантин, вицепремиерката веднаш се изолирала се додека не биле потврдени резултатите од заменик министерот Дојков. Резултатот од тестот за PCR на Захариева се очекува да биде готов на крајот на работниот ден.

Дојков учествуваше и беше дел од бугарската делегација и средбата на вицепремиерката Захариева во Берлин на средбата во понеделникот со министерот Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров во Берлин. Бугарското Министерството за надворешни работи веднаш ги известило делегациите на другите две земји преку дипломатски канали. Членовите на целата бугарска делегација, која беше во Берлин, исто така се ставени во карантин.

Министерството за надворешни работи појасни дека вицепремиерката Захариева и членовите на нејзината делегација, како и екипажот на авионот со кој патувале, биле тестирани пред поаѓање и резултатите од сите биле негативни. Денес целиот тим на министерот ќе биде тестиран уште еднаш со брзи и PCR тестови.


Слично

Поврзани вести