Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева во Берлин ќе ја претстави тврдата позиција на Софија

Захариева во Берлин ќе ја претстави тврдата позиција на Софија

Бугарската новинска агенција БГНЕС пишува дека бугарскиот премиер, Бојко Борисов, ја испрати вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во Берлин, каде што вечерва ќе се одржи дискретна средба со претставници на Владата на Република Северна Македонија по покана од германското претседателство со ЕУ.

Целта на разговорите, како што пишува БГНЕС, е Бугарија да ги утврди условите под кои би можела да го поддржи почетокот на преговорите за  Македонија.

Захариева се очекува да ја претстави тврдата позиција на Софија нагласувајќи дека има сè помал временски прозорец што останува сè додека не се донесе одлука. 

Останаа само уште неколку дена во кои ЕУ мора да одлучи дали Северна Македонија ќе почне или не преговори, додава агенцијата.

Захариева пред неколку дена за „Ројтерс“ изјави дека Бугарија го губи трпението во врска со неподготвеноста на Северна Македонија да го спроведе договорот за пријателство, што премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, го потпишаа во 2017 година. 

Таа изјави дека Северна Македонија треба да ја признае „историската вистина“ дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи престојуваат во посета на Берлин каде вечерва ќе имаат средба со Захариева.

Слично

Поврзани вести