Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева вети дека штом ќе имаат доволно вакцини ќе донираат за Македонија

Захариева вети дека штом ќе имаат доволно вакцини ќе донираат за Македонија

Бугарија наскоро ќе донира вакцини за Македонија. 

Штом ќе имаат доволно количества од ЕУ, тие ќе донираат,  тврди министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева. Таа за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот Ковакс, каде Бугарија е учесник. 

„Јас навистина сакам односите меѓу Бугарија и Северна Македонија да се вратат во нормала. Мислам дека ако ги намалиме емоциите, има начин да се најде договор“, додава Захариева.

Во Македонија денеска почна вакцинацијата со вакцините кои земјава ги доби од Србија. 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи. 

Слично

Поврзани вести