Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева вели дека не сите членки инсистираат да ja видат Македонија во ЕУ

Захариева вели дека не сите членки инсистираат да ja видат Македонија во ЕУ

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева вели дека не сите земји членки инсистираат да ја видат Македонија во Европската Унија. 

„Бугарија, повеќе од другите земји во ЕУ и прекуокеанските земји, сака Северна Македонија да стане членка на Европската унија, но нашата поддршка не е безусловна“, рече министерот за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за „БТВ“, по повод блокираното членство на Скопје.

Таа повтори дека Бугарија инсистира Северна Македонија да го спроведе Договорот за соседство.

„Да се разбереме за историјата, да се изградат патишта, да нема говор на омраза. Два бугарски универзитета со години чекаа одобрување за отворање филијала, бугарските медиуми чекаат одобрување за емитување во Северна Македонија“, рече Захариева.

Поради бугарското вето, Македонија не ги почна преговорите со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести