Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева утре ќе го прими Бучковски во Софија

Захариева утре ќе го прими Бучковски во Софија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, утре ќе го прими на средба специјалниот претставник на Македонија, Владо Бучковски, соопшти нејзиниот кабинет.

По разговорите, Екатерина Захариева и Владимир Бучковски ќе одржат прес-конференција во Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Поранешниот премиер Бучковски беше назначен како специјален претставник од македонското МНР како механизам за олеснување на македонско-бугарскиот спор.

Мандатот на Бучковски е една година, а нема да биде со постојан престој во Софија, туку ќе патува по потреба.

Слично

Поврзани вести