Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева со нова мудрост: Вархеи ја разбира нашата загриженост за земјите кандидати кои влегуваат нереформирани во нашето семејство

Захариева со нова мудрост: Вархеи ја разбира нашата загриженост за земјите кандидати кои влегуваат нереформирани во нашето семејство

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, вели дека со позитивно размислување и без црн ПР, за да прикаже дека ги прифаќа европските вредности и добрососедство, Република Северна Македонија ќе постигне многу повеќе. 

Инаку, Захариева денеска оставри средба со комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеј, кој утрово се наоѓа во посета на Софија, а по што е предвидено да пристигне во Скопје. 

Еве што напиша поранешната шефица на бугарската дипломатија на својпот фејсбук профил.

„Благодарност до комесарот за проширување Оливер Вархеи за плодната средба денес. Тој е еден од моторите на проширувањето на ЕУ и голем пријател на Бугарија, кој целосно ја разбира нашата посветеност на Западен Балкан и нашата загриженост за земјите кандидати кои влегуваат нереформирани во нашето семејство. Уверена сум дека со позитивно размислување и без црн ПР, Република Северна Македонија ќе постигне многу повеќе за да покаже дека ги прифаќа европските вредности и добрососедство. А Бугарија никогаш не ја повлекла подадената рака“, напиша Захариева на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести