Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева сепак навива Македонија да добие датум во октомври

Захариева сепак навива Македонија да добие датум во октомври

Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија на Северна Македонија и Албанија.

„Сите држави, дури и оние, кои се скептични кон проширувањето, поддржаа европска перспектива за земјите од Западен Балкан, како еден од најголемите двигатели за реформите и демократизација во регионот, како и безбедноста и стабилноста“, изјави Захариева.

Сепак, вели дека ќе биде историска грешка ако сега не започнат преговори и двете земји, иако не знае дали тоа ќе се случи во исто време. 

Слично

Поврзани вести