Захариева потврди дека ќе дадат зелено светло за Албанија, но не и за Македонија
Бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева потврди дека ќе дадат зелено светло за Албанија, но не е и за Македонија.
„Република Бугарија може да ја одобри преговарачката рамка со Албанија, со оглед на тоа дека сметаме оти се исполнети многу од условите што беа одредени во март. Сепак, не можеме да го поддржиме тоа со Северна Македонија“, изјави попладнево Захариева.
Таа се обрати пред новинарите откако заврши денешната видео конференција на Советот за општи работи на ЕУ.
Таа тврди дека нема напредок во исполнувањето на Договорот за добрососедство кој беше потпишан летото 2017 година.
„Добрососедството треба да се базира на
пракса, а не само на текст“, вели таа.
Холандија претходно изрази негодување околу тоа дали Албанија треба да ги почне преговорите.
