Захариева по средбата во Берлин: Кај соседот нема напредок на Коридорот 8, а бугарските инвеститори се соочуваат со бариери
„Сè уште не сме во можност да ја одобриме преговарачката рамка за преговори за Северна Македонија. Не можеме да замижуваме и да не забележуваме дека има проблеми во спроведувањето на Договорот за добрососедство “. Ова е наведено на брифингот од страна на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по вчерашната средбата во Берлин.
Во Берлин, покрај Захариева, присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, а домаќини во улога на олеснувачи беа пефот на германската дипломатија Хајко Мас и министерот за Европа, Михаел Рот.
„Едноставно треба да се запазат добрососедските односи со Бугарија. За жал гледаме трајно и систематско непочитување на Договорот, а тука не зборувам само за историската комисија. Имаме забелешки и на имплементација и понатамошниот напредок на важни инфраструктурни проекти како што е Коридорот 8. Постојат случаи кои создаваат административни бариери за бугарските инвеститори, како и неподготвеноста на Северна Македонија да се придржува до јазичната формула во договорот“, рече Захариева.
Министерката негира дека Бугарија не ја признава реалноста, како што, според неа, тврдат македонските политичари..
„Слушаме обвинувања дека Бугарија не ја признава реалноста. Ние тоа го препознаваме со фактот дека ние први го препознавме постоењето на соседната држава. Во исто време, сепак забележуваме дека незабележувањето на историската вистина има одек во сегашноста “, брифираше Захариева за бугарските медиуми.
