Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева по ратификацијата: Ќе се гради инфраструктура, патишта за заеднички развој на двете држави

Захариева по ратификацијата: Ќе се гради инфраструктура, патишта за заеднички развој на двете држави

Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија, се обрати пред пратениците во Народното Собрание пред изгласувањето на пристапниот Протокол за прием на Македонија во НАТО и кажа дека двете земји заедно ќе се развиваат економски.

- Членството во НАТО бележи нова етапа во односите на двете држави. Од првостепена важност останува да биде подобрувањето на заедничката инфраструктура, изградба на прекугранични патишта и магистрали. На тој начин инвеститорите ќе можат да откријат нови можности во развојот на двете економии“, рече Захариева во својот говор.

Додаде дека моментот на приклучувањето на Северна Македонија е историски за НАТО. Таа напомена дека Бугарија е постојан подржувач на интеграцијата на својот сосед во Алијансата и во Европската унија. Бугарија земала за обврса да работи на тој процес, да и помогне на Македонија во внатрешните рефроми како и на тоа да го стабилизира регионот, смета шефицата на бугарската дипломатија.

Слично

Поврзани вести