Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева: По потпишувањето на договорот зелено светло за Македонија за почеток на преговори

Захариева: По потпишувањето на договорот зелено светло за Македонија за почеток на преговори

Бугарија сака Македонија на крајот на месецот конечно да почне преговори за членство во ЕУ. Навистина повеќе нема време и ја сум уверена дека по потпишувањето на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција утре од срана на двајцата министри за надворешни работи, во присуство на двајцата премиери, со присуство на комесарот Хан и комесарот Могерини на 26 јуни  на Советот на ЕУ, со кој претседавам јас, Македонија ќе добие зелено светло“ - ова е пораката на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева .

Таа денеска од Градскиот парк во Скопје, каде учествуваше на отворањето на фестивалот One love tour 2018 покажа увереност дека по потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција Македонија конечно ќе може да отпочне преговори за членство во ЕУ, а потоа да добие и покана за влез во НАТО.

Захариева потенцираше дека за Бугарија е прифатливо името Република Северна Македонија.

„Ние први ве признавме, ја признавме Република Макеоднија во целина. Она што е важно за нас, а го содржи и во нашиот допговор дека нема територијални претензии“, кажа Захариева.

Слично

Поврзани вести