Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева: Од национален интерес за Бугарија е да имаме стабилен и безбеден сосед

Захариева: Од национален интерес за Бугарија е да имаме стабилен и безбеден сосед

Од национален интерес за Бугарија во однос на Република Македонија е да имаме стабилен и безбеден сосед, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерија Захариева.

Државата ќе биде таква, кога ќе стане членка на НАТО и ЕУ, вели таа. 

„Еден од условите во претпристапниот процес е да имаш добрососедски односи, да не водиш изолациска и националистичка политика, да не ја крадеш историјата на соседите и да не го негираш заедничкото историско минато. Бугарија многу јасно ќе ги постави тие услови“, додаде бугарската министерка за надворешни работи. 

Захариева рече дека „земјата нема да прави компромиси со условите, што треба да се почитуваат за да станеш дел од целиот преговарачки процес на ЕУ“, пренесе БГНЕС.

Слично

Поврзани вести