Захариева: Не успеавме да ги спасиме Евреите од Вардарска Македонија
Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија, вчера учествуваше во одбележувањето на 76-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи од нацистичките логори на смртта.
- За жал повеќе од 11.000 Евреи од Вардарска Македонија и Беломорска Тракија го дочекаа својот крај во логорите на смртаа - рече Захариева во својот говор.
Таа претходно рече дека Бугарија, иако тогашен сојузник на нацистичка Германија, не спасила 48.000 Евреи - свои сонародници, а во нивното криење од депортација учествувале домашни политичари, црковни службеници и народот.
Слично
