Захариева: Кога ја искривуваме историјата создаваме омраза кон соседите, и тогаш резултатот е изолација
Политичарите се тие кои за жал во изминатиов период ги разединуваа двата народи. Но денес, политичарите созреаја со самиот факт што го потпишавме овој договор за пријателство добрососедство и соработка, вели, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
„Се радувам што политичарите созрејаа и што даваме пример на нашите граѓани затоа што вистината е она што го кажувате и сте во право дека сме исклучително блиски, над 500.000 туристи од Македонија ја посетуваат Бугарија, над 350.000 граѓани од Бугарија ја посетуваат Македонија. Вистината е дека кога ја искривуваме историјата, кога создаваме омраза со соседите, единствен резултат е изолација. Изолација која за жал продолжува толку години тука. Ние сме добронамерни, знаете дека јас поздравувам што двата премиери ја сносат политичката одговорност“ - вели Захариева.
Интервјуто на Захариева за тв 24 и порталот Фактор, кое во целост ќе биде емитувано утре.
