ЗАХАРИЕВА И БЕЗ ФУНКЦИЈА НЕ МИРУВА - сега ќе брои колку Бугари ќе се попишеле во Македонија
Бугарија не била виновна за европската блокада кон Македонија, туку за тоа се виновни македонските власти поради недостаток на реформи, вели доскорешната министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.
Захариева сега вели дека Европа и Бугарија ќе го надгледуваат пописот во Македонија, бидејќи властите во Скопје сакале да го намалат бројот на Бугарите во земјата.
„Пред четири години виновна им беше Грција, две години подоцна виновни им беа други две држави, Холандија и Франција, сега виновна е Бугарија. Скопје не треба да бара надворешни причини за недостатокот на реформи во државата. Ние немаме претензии за тоа како тие себеси ќе се наречат. Проблемот со правото на самоопределување не е наш туку е нивен. Тие имаат проблеми со луѓето кои живеат таму и се чувствуваат и Македонци и Бугари“, изјави Захариева.
