Захариева го кажа ставот за чествувањето на Гоце Делчев
Нема Бугарин кој би го чествувал Гоце Делчев на 7 октомври, вели шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева по средбата со македонскиот колега, Никола Димитров во Софија.
Пред два дена имаше состанок на историската комисија со Македонија на која не беше постигната согласност околу личноста на Гоце Делчев.
Таа се надева дека до крајот на годинава експертската комисија од двете држави, која работи на историските прашања, успешно да ја заврши работата.
„Делото на Гоце Делчев може да биде мост, што ќе ја поврзе историјата со денешнината на Бугарија и Северна Македонија“, изјави Димитров.
Двајцата министри високо го оценија исполнувањето на договорот за добрососедство и потпишаа протокол по првото заседание на меѓувладината комисија.
Претходно, вицепремиерот и лидер на бгугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, тврдеше дека заедничката Комисија за историските прашања меѓу Бугарија и Македонија не функционира. Според него, Скопје не сака да прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин.
