Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева ги спореди Македонците и Бугарите со Аргентинците и Чилеанците

Захариева ги спореди Македонците и Бугарите со Аргентинците и Чилеанците

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска во интервју за Ефе изјави дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија додека не се стави крај на „говорот на омраза кон се што е бугарско“, јави БГНЕС.

Захариева вели дека односите меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да наликуваат на односите меѓу Шпанија и Латинска Америка.

Таа ја обвини македонската политичка елита дека „ги минале изминатите 30 години од независноста од Југославија за да го стимулираат и толерираат тој јазик на омраза, нешто што во крајна смисла влијаеше на обичните граѓани во земјата“.

„Бугарија никогаш не го одрекнувала правото на постоење на македонската држава, нејзиниот суверенитет и желбата да го нарекуваат јазикот, како што сакаат. Но, сето тоа не треба да се случува со помош на лаги и со одрекување за тоа како е создадена нацијата“, додаде Захариева.

Според неа, фактот дека Аргентинците и Чилеанците говорат на шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. 

„Фактот дека тие имале заедничка историја до еден момент не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив тоа ги зближува“, смета Захариева.

Додаде дека како што Шпанија е најголемиот поддржувач на тоа ЕУ да има поблиски односи со земјите од Латинска Америка, така и Бугарија била првата држава, која ја признала независноста на Македонија во 1991 година и го поставила прашањето за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, за време на бугарското претседателство во 2018 година.

Слично

Поврзани вести