Захариева: Да ги чествуваме оние херои кои се самодекларираа како Бугари, но се бореа за идеалите на Македонија
Бугарија не го оспорува идентитетот, а Македонија да го спроведе Договорот, вели бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Taa изјави дека Бугарија со години беше еден од најсериозните поддржувачи на нашата земја.
„Наша цел е да ја признаеме заедничката историја, заедно да ги чествуваме оние херои кои се самодекларираа како Бугари, но се бореа за идеалите на Македонија. Што е проблем да се каже – да, јазикот кој е официјален според нивниот Уставот, датира од 1945 година и се базира на бугарскиот јазик. Што е проблемот да се каже тоа. Ние не го оспоруваме нивниот идентитет, бевме први кои ја признавме Република Македонија. Не постои правна норма за признавање на нација и јазик“, изјави Захариева.
Како што пишува БГНЕС, таа додала дека меѓу двете држави е склучена спогодба уште во 1999 година. Потоа таа е потврдена со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
„Поддршката за европска интеграција на Република Северна Македонија не може да биде на штета на бугарските историја и јазик“, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев.Бугарските тврдења за македонскиот јазик се преточија во книга во која се бара официјалниот јазик на земјава да се нарекува Северно македонски бугарски јазик.
Во Книгата напишана од дваесетина академици на БАНУ, а зад која стои и потпретседателот на тамошната академија Васил Николов, се тврди дека македонскиот е форма на бугарскиот јазик, создаден по втората светска војна.Во книгата, на неколку мапи се претставени повеќе дијалекти на бугарскиот јазик, кои во голем дел соодветствуваат со Сан - Стефанска или Голема Бугарија.
Николов вели дека на ваков чекор се решиле затоа што се испровоцирани од декларацијата на МАНУ за македонскиот јазик лани.
Тој вели дека ги почитуваат, сакаат Македонците, но бара да се почитува Договорот за добрососедство.
