Захариев во втор круг тврди дека ќе се бори за фотелјата со цела Влада на Заев
„Во овој миг битката ја бијам против целата Влада на господинот Зоран Заев. Значи цело време се присутни овде во Штип и тоа покажува дека колку е значаен Штип, но ми дадоа и некое значење. Јас мислев дека сум мал градоначалник, дека сум безначајна фигура. Сега гледам колку сум бил важен за овој град и колку е важно Штип да добие прав градоначалник“.
Ова го истакна денеска кандидатот за втор мандат на општина Штип Илчо Захариев од редовите на ВМРО ДПМНЕ кој на локалните избори ќе се бори со ривалот Благој Бочварски од СДСМ.
Захариев денеска со низа обвинувања за владеачката партија.
Тврди се делеле прехранбени производи и чевли, а вработени во јавната администрација кои се под ингеренции на централната власт и членови на Избирачки одбори трпат притисоци и уцени од страна на СДСМ.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција истакна дека битката во кампањата за вториот круг на Локалните избори ја бие со, како што рече, целата Влада на Зоран Заев и со дел од припадници на СВР-Штип, а не со неговиот послаб противкандидат.
